Почетна Економија(ВИДЕО) ИМА ЗАГИНАТИ И ДЕСЕТИЦИ ПОВРЕДЕНИ: Над 50 возила во масовен верижен судир на автопат во Јапонија

(ВИДЕО) ИМА ЗАГИНАТИ И ДЕСЕТИЦИ ПОВРЕДЕНИ: Над 50 возила во масовен верижен судир на автопат во Јапонија

од nenad
1 минути читај за

Тешка сообраќајна несреќа со трагични последици се случи во петокот вечерта на автопатот Канецу во Јапонија, каде во масовен верижен судир учествуваа над 50 возила, меѓу кои автомобили и камиони.

Според првичните информации, најмалку две лица го загубија животот, додека 26 лица се повредени, од кои пет се во сериозна здравствена состојба.

Снимки и видеа споделени на социјалните мрежи покажуваат голем пожар што избувнал по судирот, како и густ чад кој се издигал над автопатот. Пожарот бил предизвик за дополнителна паника и отежната интервенција на службите.

Како што пренесуваат јапонските медиуми, во моментот на несреќата во регионот имало обилни снежни врнежи, што значително ја намалило видливоста и ги влошило условите за возење.

Поради сериозноста на инцидентот, автопатот бил целосно затворен во двата правци неколку часа, со цел да им се овозможи на итните служби да ги извлечат повредените и да го стават пожарот под контрола. Противпожарните екипи успеале да го локализираат огнот доцна во вечерните часови.

Надлежните институции започнаа истрага за утврдување на точните причини за несреќата и последователниот пожар.