Почетна МакедонијаОд нуклеарната електрана „Шика“ протекла нафта по силниот земјотрес во Јапонија

Од нуклеарната електрана „Шика“ протекла нафта по силниот земјотрес во Јапонија

од nenad
1 минути читај за




Јапонија нуклеарна централа/ Фото Christof STACHE / AFP / Profimedia
Јапонската нуклеарна електрана денеска соопшти дека се случило протекување на нафта откако земјата беше погодена од силен земјотрес од 7,6 Рихтерови степени во регионот Хокурику на 1 јануари, при што загинаа повеќе од 120 луѓе.

   

Електраната „Шика“ се наоѓа на 65 километри од епицентарот на земјотресот и веќе извести за наизменични прекини на електрична енергија, за протекување нафта во трансформатори и излевање вода од базенот за складирање потрошено гориво од нуклеарните реактори, објави „Скај њуз“.

Денеска е забележана нафтена дамка со димензии од пет до 10 метри како лебди на површината на морето во близина на електраната, соопшти „Хокурику електрик“. Истекувањето е санирано со неутрализирачко средство.Како што информира компанијата, нивото на надворешно зрачење не е зголемено и нема негативни влијанија врз здравјето на луѓето или животната средина. Оттаму веруваат дека дамката е предизвикана од истекување на изолационо масло за трансформатор за време на земјотресот, што го активирало системот за гаснење на пожарот, кој дисперзираше масло и вода околу трансформаторот.