Почетна МакедонијаДа го зачуваме Лисиче утре повикува на протест

Да го зачуваме Лисиче утре повикува на протест

од nenad
0 минути читај за

Да го зачуваме Лисиче со соопштение во кое се вели:

Соопштението на Општина Аеродром претставува обид ефтина МАНИПУЛАЦИЈА со јавноста!

Денес Општина Аеродром искочи со соопштение дека наводно дел анкетните листови за предлогот ДУП-от за градска четврт ЈИ О9 01 се “прифатени”.

Ние жителите на Населба Лисиче сметаме дека ова е обид за манипулација на јавноста, пред утрешниот ПРОТЕСТ ПРОТИВ БЕТОНИЗАЦИЈА на ЛИСИЧЕ!.

Нема да отстапиме од нашите барања за поништување на спорниот предлог ДУП и принципот дека во Лисиче НЕМА место за ЗГРАДИ.

Се гледаме утре на ПРОТЕСТ 17.30 кај крстот!