Почетна Убавина и здравјеДарио Ивановски победник на скопскиот маратон! – Убавина и здравје

Дарио Ивановски победник на скопскиот маратон! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Најдобриот македонски атлетичар победи на Виз Ер Скопски маратон со фантастично време од 2 часа, 14 минути и 50 секунди. Во финишот на трката, Дарио го остави зад себе Кениецот Џулиус Кипкоеч, кој долго време беше во водство, за да се искачи највисоко на пиедесталот.

Третото место му припадна на Грузиецот Давити Карашвили.

Победата Ивановски им ја посвети на сите Македонци и рече дека најважно му е достоинствено да ги брани боите на нашата држава.

Еве видео од неговиот говор, објавено од неговиот тренер Игор Јакимовски:


Поврзани објави

Македонци мои, оваа победа беше само за вас. Немам зборови со кои можам да опишам… Најважно од сè ми е секогаш достоинствено да ги бранам боите на нашата држава, на нашата прекрасна Македонија. Време е да покажеме дека Македонија има таленти. Ова е за сите вас, за сите млади. Уживајте во денот“ – рече Дарио.

 

 

Фото: Инстаграм Принтскрин