Даниела Ширд вели дека го обожава Боб поради неговата смисла за хумор, додека тој не се изјаснува – но и двајцата знаат дека ќе останат заедно до крајот на животот
Триесет и пет години разлика? За Даниела Ширд (38) и нејзиниот партнер Боб (73) од британски Западен Јоркшир тоа воопшто не е проблем. Заедно се повеќе од четири години, планираат наскоро да почнат да живеат заедно и велат дека најмногу ги поврзуваат хуморот и пријателството. Сепак, луѓето на прв поглед често ги доживуваат поинаку.
„Сигурно ѝ е татко“, помислуваат многумина.
Се запознале преку заеднички познаник од работа, додека Даниела работела во еден бар. Веднаш се појавиле искри меѓу нив, а пријателството со текот на времето прераснало во љубовна врска. Сѐ се променило кога Боб ја бакнал додека заедно гледале филм.
Но нивната љубов често се соочува со осуди од непознати луѓе.
„Ми велеа дека си го трошам животот или дека Боб сигурно има многу пари“, раскажала Даниела, која работи во областа на професионален развој.
Еднаш на аеродром помислиле дека му е ќерка додека заедно купувале исти парфеми. Навистина непријатна ситуација.
„Тоа боли, бидејќи така ни ја обезвреднуваат вистинската врска што ја имаме. Од друга страна, понекогаш е смешно, бидејќи луѓето судат само според тоа што го гледаат, наместо да разберат какви сме како пар“, додала таа.
Поврзани објави
Според Даниела, разликата во годините никогаш не претставувала пречка.
„Мојот прв впечаток беше дека е духовит, дека лесно е да се разговара со него и дека има одлична смисла за хумор. И двајцата сакаме сув хумор и имаме слично чувство за сарказам“, вака го опишала таа животот со постар партнер.
Секако, понекогаш се појавуваат и генерациски разлики – и тоа, прилично големи. Боб не ги поднесува социјалните мрежи, ги обожава своите патики „Скечерс“ и во секоја продавница бара отпечатена сметка. Даниела е комплетно поинаква:
„Јас нему му испраќам порака на ВатсАп, а тој ми ѕвони на телефон“, открила таа.
Тие, исто така, не сакаат деца и отворено разговараат за иднината.
„Разликата во годините е нашата сила. Имаме различни животни искуства, но совршено се надополнуваме“, заклучила Даниела и го додала она најважното:
„Тој е мојот најдобар пријател, а јас сум неговиот.“
ФОТО: Фејсбук