Мајка на три деца, 34-годишната Ана му одржа лекција пред сите – студиото бурно реагираше.
Во најновата емисија на „Ѕвездите на Гранд“, натпреварувачката Ана Влајиќ од Лазаревац ги изненади сите со својот настап, но уште повеќе со храброста што ја покажа пред жирито. Ана се претстави со песните „Поново“ од Наташа Беквалац и „Иде ми“ од Даниела Мартиновиќ, а реакциите во студиото беа поделени.
Кога членот на жирито Ѓорѓе Давид дозна дека Ана има 34 години и три деца, остро ја нападна, велејќи дека за неа е предоцна да стане пејачка и дека шансите и се поминати.
Зошто со 34 години и три деца сакаш да бидеш пејачка?“, ја праша тој.
Поврзани објави
Но, Ана не остана должна и со еден одговор го замолкна:
Вие на 53 години добивте втора шанса во „Ѕвездите на Гранд“, зошто да не добијам и јас?“ – изјави таа, по што следуваше силен аплауз од публиката и жирито.
Дури и Ѓорѓе призна дека го „убила“ со зборовите и ја покани во својот тим, додека Марија Шерифовиќ коментираше дека Ана заслужено го има последниот збор.
dzordze david instagram printskrin