
Соник е еден плав брз еж со црвени патики.Тој постои во две верзии, класична и модерна. Класичната верзија е помала, посветла боја на кожа и црни очи. Таа форма се користела порано во 2д игрите. Модерната верзија е поголема потемна боја на кожа и зелени очи. Модерната верзија се користела во 3д игрите. Модерниот Соник е висок 100 сантиметри и тежи 35 килограми и има 15 години додека класичниот Соник е висок 76 сантиметри и тежи исто 35 килограми. Ние ќе го анализираме само класичниот Соник.
Ние за класичниот Соник ќе ги земаме во предвид неговата брзина во игрите Соник 1, Соник 2 и Соник Манија. Во Соник 1, неговата брзина е 7 метри во секунда, во Соник 2 неговата брзина е 24 метри на секунда. а во Соник Манија неговата брзина е 7 меѕти во секунда. Како резултат на овие брзини Соник ќе произведе 115 њутни во Соник 1 и Соник Манија додека во Соник 2 ќе произведе 402 њутни сила на секоја нога. Самото трчање на Соник нема да му ги повреди нозете но тој нема да може да запре и тоа ќе го повреди при кочење при толку големи брзини. Тој креира 1000 џули кинетичка енергија која мора да ја претвори во енергија на топлина при кочење со патиките. Дистанцата на кочење му е 50 сантима до 6,23 метри.
Со сите овие калкулации дојдовме до резултат од сила на кочење од 641 њутн до 2385 њутни сила на кочење, тоа значи дека овие сили при овие брзини нема да го повредат затоа што овие сили се нормални за спортување.