Почетна СветДали е планиран напад врз Бујар Османи во Молдавија? Во Денот на вљубените требаше да се активира автобомба.

Дали е планиран напад врз Бујар Османи во Молдавија? Во Денот на вљубените требаше да се активира автобомба.

од nenad
1 минути читај за

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, бил цел на напад во текот на неговата посета на Молдавија на 14 февруари, според информации на молдавските медиуми. Нападот бил испланиран врз Мисијата на ОБСЕ во Бендер, а експлозијата требало да се случи со автомобил со поставен експлозив во близина на замокот Бендер каде што бил Османи. Официјален Тираспол обвинил Службата за безбедност на Украина за планирањето на нападот. Според информациите, делегацијата на Османи, која броела околу 20 луѓе, требало да биде нападната на патот за градот Кишинев, но сторителот се откажал од нападот за да не го изложи својот живот во опасност.