Популарната пејачка Сека Алексиќ ги сумираше впечатоците по двата големи концерта во Загреб и отворено одговори на коментарите во јавноста за тоа дека дел од побрзите песни ги извела на плејбек, нагласувајќи дека зад целиот настап стоела целогодишна подготовка и огромна посветеност.
Осврнувајќи се на атмосферата и критиките околу настапот во живо наспроти плејбекот кај подинамичните нумери, пејачката истакна дека физичката подготвеност на сцената бара баланс:
„Да се испее песна како ‘Лисица’ и истовремено да се игра е невозможно, па токму тие побрзи и тешки песни за танцување ги изведовме на плејбек, што мене како изведувач ми е сосема во ред. Концертите траеја три часа, дадов буквално сè од себе, а кога имате 16 танчери и кореографија што сте ја вежбале шест месеци, сосема е нормално дел од песните да одат така“, изјави Сека.
Поврзани објави
Таа се осврна и на присуството на пиар-експертот Зоран Бирташевиќ на концертот во Загреб, појаснувајќи дека не станува збор за нов деловен ангажман, туку за коректен и пријателски однос:
„Зоран беше таму со свои пријатели и не е дел од мојот тим, во кој е Владимир Гашиќ, но со Зоран сме во многу добри односи. Се смиривме и навистина го сметам за талентиран, воспитан и културен човек“, порача пејачката.
Во разговорот со новинарите, Сека ги отфрли и гласините за естетски корекции на градите, објаснувајќи со насмевка дека по слабеењето тие дури и се намалиле, а изрази и сочувство кон колегите кои се соочиле со непријатности и стресни ситуации на естрадата.