Почетна МакедонијаГутереш: Живееме во хаотичен свет во кој секој смета дека може да прави што сака 

Гутереш: Живееме во хаотичен свет во кој секој смета дека може да прави што сака 

од nenad
1 минути читај за

– Кога живееме во хаотичен свет многу е важно да се придржуваме до принципите. А принципите се јасни – почитување на Повелбата на ОН, на меѓународното право, на територијалниот интегритет на земјите и на меѓународното хуманитарно право, рече Гутереш.Затоа, според него, од суштинска важност е да се постигне мир во Украина, кој ќе се базира на овие принципи.

   

– Од истите причини веруваме дека е потребен е и прекин на огнот во Газа. Како што ги осудуваме терористичките напади на 7 октомври и како што ги осудуваме другите прекршувања на меѓународното хуманитарно право од страна на Хамас, го осудуваме и фактот дека сме сведоци на голем број цивилни жртви во Газа, што е без преседан за време на мојот мандат како генерален секретар, изјави Гутереш.Тој нагласи дека основен принцип на меѓународното хуманитарно право е заштитата на цивилите.

– Мора да се држиме до принципите, како во Украина, така и во Газа, без двојни стандарди, заклучи генералниот секретар на ОН, додавајќи дека затоа мора да се зајакнат институциите на мултилатерализмот.Мишел, од своја страна, му се заблагодари на Гутереш за неговото водство и за придонесот во подготовката на самитот за иднината.– ЕУ може да помогне во изградбата на свет базиран на принципи и затоа мора да видиме како можеме да ги зајакнеме врските за соработка со ОН, додаде Мишел.