Скопје, 24 август – Првиот потпретседател на Владата и министер за
политилки систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби, денес
оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во
Република Северна Македонија, Мартин Памер.
Разговарајќи за пријателските билатерални односи и посакувајќи му
добредојде во земјата и успех во извршувањето на должноста, Груби и
Памер изразија уверување дека пријателските односи меѓу двете земји ќе
продолжат да се развиваат и во иднина.
Груби изрази благодарност за поддршката што нашата земја ја добива од
Австрија во реформските процеси поврзани со евроинтеграциите и за
динамиката со која се развива соработката меѓу двете земји на повеќе
полиња.Двајцата соговорници разговараа и за процесот на уставни измени и
потребата од градење на општествен консензус за евроинтеграции.
Груби ја подвлече потребата од поддршка на опозицијата за процесот на
технички измени на Уставот и општата усогласеност на патот кон Брисел,
нагласувајќи дека ЕУ и САД не се непријатели на нашата земја, туку
напротив, сите достигнувања на земјата се во партнерство и со поддршка
на САД и ЕУ.Груби и Памер разговараа и за меѓуетничките односи и спроведувањето на
Охридскиот договор како предуслов за општествена кохезија и еднаквост
меѓу заедниците во нашата земја.