Македонскиот пејач ужива во брзината и автомобилите, а по победата во популарното шоу сега вниманието го привлече со својот моќен автомобил.
Бојан Илиевски по големиот триумф во „Ѕвездите на Гранд“ очигледно знае како да ужива. Младиот пејач на социјалните мрежи покажа дел од своето секојдневие, а овојпат во центарот на вниманието не беше микрофонот, туку моќниот BMW.
Од фотографиите и снимките што ги сподели, може да се види како Илиевски ужива зад воланот додека патува низ регионот. Дел од кадрите се направени на пат кон Белград, а атмосферата ја надополнува со музика и познати хитови додека вози навечер.
Очигледно е дека автомобилите и адреналинот се меѓу неговите големи страсти. По летната авантура на Охридското Езеро, каде што покажа дека ужива и во возењето глисер, пејачот сега повторно им даде повод на следбениците да коментираат за неговиот автомобилски вкус.
Поврзани објави
Интересно е што автомобилите се честа тема и меѓу македонските ѕвезди на „Гранд“. Победникот од 2025 година, Никола Станишиќ, неодамна откри дека Fiat Tipo кој го добил како награда речиси и не го вози, бидејќи повеќе си го сака својот стар автомобил. Бојан, пак, судејќи според најновите кадри, очигледно повеќе ужива во својот моќен BMW и патувањата низ регионот.
Наскоро ќе има и нова можност да го покаже својот музички талент – на 18 септември ќе настапи на „Штипска Пастрмалијада“.
printskrin Instagram