Неспособноста на градоначалникот Борче Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ,
стана опасна по здравјето на прилепчани!
Со месеци наназад, чад од запалени материјали ги труе граѓаните на
Прилеп. И сето тоа се случува во централното градско подрачје, пред
очите на градоначалникот и инспекциските служби од локалната
самоуправа.
Наместо брза и ефикасна реакција за што побрзо решавање на проблемот
кој е од животно значење за жителите на градот и поблиските населени
места, градоначалникот и надлежните општински служби ја замајуваат
јавноста со бесмислени алиби соопштенија.
Состојбата со загадувањето на амбиенталниот воздух станува алармантен.
На Прилеп му се случува еколошка и здравствена катастрофа, за што
најдобра потврда се сведоштвата на жителите на Корзо, Бончејца, Сточен
пазар и другите урбани заедници.
По којзнае кој пат Јовчески покажа дека не само што не знае да ги решава
проблемите на граѓаните, туку не е способен ниту да им го овозможи
уставно гарантираното право на здрава животна средина.
Градоначалниче Јовчески,
Ослободете се од вашиот страв дека целиот свет работи во корист на
вашата штета и дека никој не сака да ги види вашите „достигнувања“.
Повеќе од 700 дена сте “татко“ на градот и редно е конечно нешто да
сработите и да ја оправдате високата плата која ја земате.
Ако не сте кадарен да го откриете и да го санкционирате сторителот кој ги
загрозува здравјето и животите на прилепчани, а не сте, тогаш побарајте
помош од оние кои тоа го можат.