Хајди Клум споделила на Инстаграм како изгледа нејзиниот појадок
Хајди Клум споделила видео од својот појадок за шампиони, кој вклучува и свеж кромид.
Манекенката (52) објавила на својот инстаграм-профил видео од својот оброк, нарекувајќи го „појадок за шампиони“.
На сино-бела чинија имала две варени јајца, авокадо, шери-домати, целер, зелена салата и кромид, прелиен со нешто што личи на прелив од зачинско билје. Клум го искомбинирала зеленчукот со парче темен леб, премачкан со мачканица што потсетува на меко сирење.
Националното здружение на произведувачите на кромид од Америка предлага јајца и кромид за појадок и објаснува дека овој зеленчук е преполн со витамин Ц и антиоксиданси.
Исто така, содржи пребиотички влакна, кои ги хранат добрите бактерии во дигестивниот систем. Здрави црева значат подобра дигестија, подобрена апсорпција на хранливи материи, дури и појак имунолошки систем.
Поврзани објави
Не брои калории
Кромидот исто така е нискокалоричен, но манекенката претходно има изјавено дека не брои калории.
„Никогаш не сум го правела тоа. Отсекогаш сум имала среќа што никогаш не сум ја имала таа опсесија да бројам калории или нешто слично“, рекла таа.
Хајди Клум неодамна отворено зборувала за тоа дека хранењето на телото со нутритивно богати намирници претставува начин на врвна грижа за себе.
„За мене луксуз е консумирањето одлична храна, обожавам да готвам, па со самото тоа, сакам да внесувам и здрави работи во моето тело. Потоа, одвојувам време за опуштање, бања со миризливи соли, нанесување маска со хијалуронска киселина и движење“, споделила таа.
ФОТО: Инстаграм