Почетна Убавина и здравјеГо носите ручекот на работа? Овие намирници избегнувајте ги ако немате фрижидер

Го носите ручекот на работа? Овие намирници избегнувајте ги ако немате фрижидер

од nenad
2 минути читај за



Некои продукти можат брзо да станат ризични за јадење ако со часови стојат на собна температура, особено во топлите денови.

Подготвувањето ручек за на работа е практично и може да ви заштеди време и пари, но важно е да внимавате и на безбедноста на храната. Оброкот не би требало да стои на собна температура подолго од два часа, додека при температури од 32 степени Целзиусови или повеќе, тој период се скратува на само еден час. Особено ризична е температурната зона од 4 до 60 степени, во која штетните бактерии можат брзо да се размножуваат.

Остатоците од јадења со ориз и тестенини се меѓу намирниците со кои треба да бидете внимателни, поради можноста за развој на бактеријата Bacillus cereus. Морската храна, без разлика дали е варена или сирова, исто така брзо се расипува доколку не се чува на ниска температура. Доколку немате услови за разладување, подобра алтернатива се неотворени пакувања со туна или конзервирана риба.


Поврзани објави

Внимание е потребно и со сувомеснатите производи, кои и покрај тоа што се преработени и солени, не се безбедни за чување со часови на собна температура. Меките сирења, како моцарела, свежо сирење и крем-сирење, исто така полесно се расипуваат поради високата содржина на вода. За сендвич можете да изберете намази кои не бараат ладење, а како алтернатива за сирење – производи кои на декларацијата имаат наведено дека можат да се чуваат на собна температура.

Иако се едноставен извор на протеини, тврдо варените јајца не се најдобар избор доколку немате фрижидер или разладна торба. На повисоки температури можат да добијат непријатен мирис, а топлината го забрзува и размножувањето на бактериите. Наместо нив, за ручек можете да понесете јаткасти плодови или протеинска плочка, кои се попрактични кога немате можност за разладување.

pexels- jadenje – hrana – apetit