Почетна Убавина и здравјеГо изневерив мојот дечко со неговиот најдобар пријател и воопшто не се каам за тоа! – Убавина и здравје

Го изневерив мојот дечко со неговиот најдобар пријател и воопшто не се каам за тоа! – Убавина и здравје

од nenad
5 минути читај за

Хај дечки, јас Stargirl повторно понеделнички ќе ви се исповедам! Ако веќе ме следите, знаете дека мојот живот никогаш не е без spicy случувања, кои редовно ги споделувам со вас. Овој пат, сакам да ви раскажам како се справив со еден „bad boy“ што мислеше дека може да си игра со мене како сака. Траеше долго, премногу долго, но сè има своја граница.

Бев со него година и пол. Првите неколку месеци беа магични. Знаете, класичната приказна – тој беше лошото момче, а јас мислев дека можам да го променам. Дека за мене ќе биде поинаков, дека ќе биде оној што ќе престане да се занимава со глупости и ќе ми се посвети целосно. Мислев дека сум освоила на лотарија. Ама ајде да бидеме искрени, не можеш да промениш некој што не сака да се промени, а животот, како што знае да биде, ме удри по глава кога најмалку очекував.

Работите почнаа да се менуваат по една година. Почнав да слушам гласини.

Видовме дека твојот дечко беше со друга“, ми кажуваа.

Прво, не сакав да верувам, мислев дека луѓето само измислуваат, ѝ љубоморат на нашата љубов. Ама со текот на времето гласините стануваа посериозни. И знаете што? Почнав да се сомневам. Решив да не го прашувам ништо, не му кажав ниту збор. Сакав сама да го решам проблемот на свој начин.

Јас не сум од оние девојки кои чепкаат по телефонот на своите дечковци, или пак проверуваат дали заследил некоја нова девојка на Инстаграм, мислев дека тоа е непотребно, па дури и патетично, но… среќа што првпат решив да бидам „патетична”. Имав што да видам, пораки со различни девојки…

Дечко ми не бил само „мој.“ Не еднаш, не двапати – туку редовно ме изневерувал со други девојки. Првичната реакција? Шок. Тажна сум, скршена сум. Си велам, како можев да бидам толку слепа?

Ги гледав нашите слики, се прашував дали сè било лага од самиот почеток. Ама одеднаш, нешто се смени во мене. Знаев дека не заслужувам да бидам таа што страда додека тој си прави што сака. И така, решив да му вратам. И тоа на начин што нема да го заборави.

Ќе го натерам да почувствува како е“, си реков, но од сите луѓе, кој би бил најинтересен избор за revenge?

Уху! Неговиот најдобар другар е совршен кандидат за малку забава. Секогаш беше тука, секогаш љубезен со мене, а мислам дека му се допаѓав малку повеќе од што си признаваше.

Го викнав да излеземе една вечер, на еден наивен пијалак, кој се претвори во нешто многу поголемо. Тој ме погледна со тие очи кои ми дадоа до знаење дека ме чита како отворена книга.

Види, Карло ми е близок… всушност ми беше, и јас не го препознавам во последно време, но ти не ја заслужуваш целата болка што ти ја нанесува“, – ми рече со тивок глас.

„А што треба да направам?“ – го прашав, барајќи одговор што веќе го знаев.

„Му врати ли барем?“ – ме праша со полунасмевка, и тоа беше моментот кога не се ни мислев.

Го бакнав. Тие бакнежи беа само почеток.

Следниот викенд наш заеднички пријател правеше забава во кафучето „Излет”, па решив таму да направам драма! Колку би било јако јас да одам на забавата каде што сигурна сум дека ќе биде Карло, фатена за рака со неговиот најдобар пријател…

Е па токму тоа и го направив!


Поврзани објави

Во меѓувреме, мојот сакан „дечко” ми праќаше многу пораки, ми ѕвонеше, но секако, јас ги игнорирав. Се подготвував за финалето…

Забавата беше полна со луѓе, а јас се појавив со неговиот најдобар другар под рака. Не можам да го опишам изразот на неговото лице кога ме виде – беше мешавина од бес, неверување и љубомора. Всушност, тоа и го сакав. Сакав да го видам како се гуши во сопствената игра, како му враќам во иста мера.

Додека тој само стоеше настрана, јас се смеев и уживав во вечерта со неговиот другар, кој цело време беше покрај мене.

По десеттина минути откако пристигнавме, господинот агресивно ме повлече за рака и ме праша:

Што правиш со него?“, го погледнав и се насмевнав:

„Само уживам во вечерта, нешто што ти одамна заборави да правиш со мене.“

„Што е ова, бе, дали си ти сериозен? Како можеше ова да ми го направиш те гледав како брат“ – му се обрати на мојот нов љубовник со бес во гласот.

„Ова е само мал дел од тоа што го правиш ти” – му викнав.

Карло, целиот изнервиран, ја напушти забавата, искрши по некоја чаша по пат и си замина…

И така заврши сè. Ниту му раскинав официјално, ниту му дадов објаснување. Само го игнорирав, го блокирав и не враќав на ниту една негова порака.

Да да, повторно се обидуваше да ме добие и да разговараме, затоа што знаеше дека тој е виновен за сѐ. Но не го заслужуваше моето време, а не пак објаснување. Знаев дека тоа ќе го полуди најмногу – не само што му вратив на начин што најмногу го боли, туку и го оставив да седи во неизвесност.

Дали сум горда на себе? Не. Но дали се каам? Ни најмалку. Мислам дека заслужив да му вратам за сите лаги, сите празни ветувања и сите игри што ги играше зад мојот грб.

Некогаш се прашувам, како дојдов до ова? Како девојка што некогаш мислеше дека љубовта е чиста и дека секој заслужува втора шанса, се најдов во ситуација каде што веќе не верувам во бајки. Мојот дечко беше мојот свет, и ми се чинеше дека и јас сум неговиот. Се шегувавме, патувавме, уживавме – барем така мислев. Но, вистината излезе на виделина.

Секој од нас заслужува подобро од тоа да биде играчка во нечија игра. Сите заслужуваме почит и искреност. Ако не ви ја даваат – покажете дека не сте наивни и знаете да се изборите за себе.

Што би направиле вие на мое место? Дали сте се нашле во слична ситуација?

Слободно споделете ја вашата приказна, контактирајте нè на [email protected].

Пишува: Stargirl

Фото: Фото: Designed by Freepik (www.freepik.com)