Почетна ЕкономијаГолема гужва на „Богородица“: долги колони возила за влез во Грција, се очекува засилен сообраќај и во обратен правец

Голема гужва на „Богородица“: долги колони возила за влез во Грција, се очекува засилен сообраќај и во обратен правец

од nenad
1 минути читај за

Голема колона автомобили е забележана утрово на граничниот премин „Богородица“, на пат кон Грција.

Снимката од веб-камерата, со ознака 10:18 часот, покажува значително зголемен број возила во правец кон грчкиот граничен премин „Евзони“. Колоната се протега низ повеќе ленти, додека сообраќајот во спротивниот правец е значително поредок.

И актуелните податоци од сервисите за следење на граничните премини покажуваат зголемена фреквенција на „Богородица–Евзони“. Во текот на утрото се регистрирани периоди со чекање од околу 50 минути за влез во Грција.

Поради последниот августовски викенд и зголемениот број патници кои се враќаат или заминуваат на одмор, се очекува засилен сообраќај на овој граничен премин и во текот на денот.

По зголемената фреквенција кон Грција во текот на викендот, денеска се очекува засилен сообраќај и во обратен правец – кон Македонија, бидејќи завршува продолжениот августовски викенд.