Почетна МакедонијаГолема благодарност од Ердоган: Никогаш нема да ја заборавиме солидарноста на нашите пријатели по земјотресот

Голема благодарност од Ердоган: Никогаш нема да ја заборавиме солидарноста на нашите пријатели по земјотресот

од nenad
1 минути читај за

Турција никогаш нема да ја заборави солидарноста што ја покажаа Европската Унија и другите меѓународни организации по земјотресот што на 6 февруари ги погоди јужните турски провинции, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, јавува Анадолија.

-Никогаш нема да ја заборавиме солидарноста што ја покажаа сите наши пријатели, ЕУ со нејзините институции, нејзините земји членки и кандидати, Обединетите нации и другите меѓународни организации, во овие тешки денови, рече Ердоган во видео обраќањето на Отворање на Меѓународната донаторска конференција., одржана во Брисел.

Меѓународната донаторска конференција беше организирана од Европската комисија и Шведска, која претседава со ЕУ, за да им даде поддршка на жртвите од разорните земјотреси во Турција и Сирија.

– Оваа конференција е уште еден пример за тоа колку добро се развиени односите меѓу нашите народи, рече Ердоган. Тој потсети дека Турција е дом на повеќе од четири милиони бегалци, меѓу кои 3,5 милиони Сиријци.

-Денес, додека ги лекуваме раните од „катастрофата на векот“ во нашата земја, се солидаризираме со сирискиот народ кој исто така беше погоден од земјотресите, рече Ердоган и додаде: Ги обезбедуваме потребните капацитети на трети страни и на други земји за транспорт на хуманитарна помош по копно и воздух за настраданите од земјотресот во Сирија. Ќе продолжиме со таквиот пристап и во иднина, рече турскиот претседател.

Европската комисија денеска вети една милијарда евра за реконструкција на областите погодени од разорните земјотреси во февруари на југот на Турција.

Leave a Comment