Почетна МакедонијаГи собори сите рекорди: Здравко Чолиќ ќе земе шокантна сума за дочекот на 2024 во Дубровник

Ги собори сите рекорди: Здравко Чолиќ ќе земе шокантна сума за дочекот на 2024 во Дубровник

од nenad
1 минути читај за




Фото: Instagram / zdravko.colic
Најголемата регионална ѕвезда Здравко Чолиќ за дочекот на Новата 2024 година на Страдун во Дубровник ќе земе дури 130.000 евра, пренесуваат хрватските медиуми.
Како што наведуваат, ова е убедливо најголемата сума што пејач ја добил за настап на новогодишната ноќ во Хрватска, по Дино Мерлин, кој, според хрватските медиуми, за дочекот на 2018 година во Дубровник наводно земал 80.000 евра.

   

– Драги пријатели, се радувам на Дубровник, на дочекот на Новата година на Страдун, најубавата сцена на светот! Ве сака и ве поздравува Здравко Чолиќ – порача пејачот кога беше објавено дека ќе пее во Дубровник.Да потсетиме, како што претходно напиша српски „Курир“, најскапиот дочек во Белград е со Владо Георгиев, бидејќи оние кои сакаат да влезат во Новата година со овој кантавтор, ќе мора да платат дури 500 евра по човек.