Почетна Убавина и здравје Ги бришат годините од лицето, а идеални се за жени над 50 години – Убавина и здравје

Ги бришат годините од лицето, а идеални се за жени над 50 години – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Фризерски експерт открива кои 3 фризури подмладуваат и имаат ефект на фејслифтинг

Кркмите и степенестата коса се многу популарни, па не е ни чудно што сите трендови се вртат околу нив.

„Пред многу години, модните списанија им порачуваа на жените дека кога ќе стигнат до одредена возраст, време е за потстрижување и кратка фризура, но таквото размислување е надминато“, открива лиценцираната фризерка и шминкерка Андреа Клери.

Овие кои се најдобрите фризури за жени над 50 години, бидејќи подмладуваат и стојат одлично…

Модерен „шег“

„Една од моите омилени, свежи фризури, која инстантно ќе направи да изгледате помладо и посвежо, е модерниот шег со кркми и текстурирани слоеви коса. Што повеќе слоевити прамени тоа поатрактивен изглед. Покрај тоа, косата изгледа многу природно, а им прилега на сите форми на лице“, истакнува Андреа.


Поврзани објави

Класичен „боб“

Ако сепак претпочитате пократка фризура, Андреа тврди дека класичниот „боб“ никогаш не излегува од мода. Ретката коса ќе изгледа погусто, особено ако ја стилизирате со некој од актуелните уреди за коса. Но не заборавајте на уредноста – косата треба да изгледа природно и разиграно.

Коса со средна должина и „завеса“ кркми

Има ли попрефинета фризура од исфенирана коса, потстрижана до раменици, со шик „завеса“ кркми? Во Франција ја нарекуваат и „француски фејслифт“, бидејќи го омекнува изразот и визуелно ги брише годините, а ѕвездите над 50 години, како Голди Хоун, ја обожаваат!

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING