Почетна ПопуларноГир: Подобар од овој договор со Бугарија не може да се постигне

Гир: Подобар од овој договор со Бугарија не може да се постигне

од nenad
1 минути читај за

Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, вечерва во гостувањето на ТВ „21“ истакна дека нема да се постигне подобар договор со Бугарија по изборите.

„Според мене, тоа е невозможно. Верувам дека овој договор е најдобриот што можеше да се постигне. Компромис е. Не е совршен. Ниеден компромис не е совршен. Но ова е најдобриот договор“, порача Гир.

Тој додаде дека во процесот на проширување на ЕУ не постојат гаранции“, откако членови на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и неколкумина пратеници рекоа дека сакаат гаранции од германската и американската влада дека по уставните измени, Бугарија повеќе нема да нѐ блокира.

Според Гир, постојат многу различни чекори кои мораат да се преземат, а членките треба да се согласат за сите.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

„Искуството од минатото нѐ научило дека кога наидуваме на вакви тешкотии и имаме проблеми за нив кои ни дозволуваат да напредуваме, треба да се фокусираме на напредокот и реформите и проблемот ќе исчезне и ќе се решат вистинските прашања за реформите и основните работи кои влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните“, вели Гир.

.