Почетна ЕкономијаГермански министер ја оквалификува Канада како „идеален“ партнер во услови на глобални тензии

Германски министер ја оквалификува Канада како „идеален“ партнер во услови на глобални тензии

од nenad
1 минути читај за

   Германскиот министер за финансии Ларс Клингбajл повика на поблиска економска соработка со Канада, наведувајќи ги зголемените геополитички тензии и економските последици од конфликтот со Иран, јави ДПА.

Зборувајќи за време на состанокот во Торонто со канадскиот министер за финансии Франсоа-Филип Шампан, Клингбеил рече дека Европа мора да ги намали своите стратешки зависности и да ја зајакне својата економска отпорност и суверенитет.

„Станува јасно дека Европа мора да се ослободи од зависностите и да ја зајакне својата отпорност и суверенитет,. . Канада е идеален партнер за тоа“, изјави тој.

Дводневната посета на Клингбеил има за цел проширување на соработката во области како што се критичните суровини, одбраната и вештачката интелигенција.

Шампан го истакна своето неодамнешно учество на состаноците на министрите за финансии на ЕУ и Еврогрупата, нагласувајќи дека поблиските врски со Европа се одразуваат заеднички интерес за зајакнување на трансатлантската соработка.

Извор: МИА