Германија денес прославува значаен јубилеј – 70 години од приемот во НАТО, што се случи во мај 1955 година. По овој повод, во Берлин се организира свечена манифестација, пренесе новинската агенција ДПА.
На чествувањето ќе биде присутен новоименуваниот генерален секретар на НАТО, Марк Руте.
Германија ќе биде застапена од канцеларот Фридрих Мерц, министерот за одбрана Борис Писториус и министерот за надворешни работи Јохан Вадефул.
Со приклучувањето на 6 мај 1955 година, тогашната Федерална Република Германија стана 15-та земја членка на Алијансата. Денес, НАТО има вкупно 32 земји членки, меѓу кои и Северна Македонија.
Последна земја која се приклучи на Алијансата е Шведска, која стана членка минатата година.
ссм/фото: ДПА архива.
Извор: МИА