Почетна Убавина и здравјеГеоргина Родригез предизвика скандал во Саудиска Арабија во проѕирен фустан кој „пука“ на неа (ФОТО)

Георгина Родригез предизвика скандал во Саудиска Арабија во проѕирен фустан кој „пука“ на неа (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за

Ѝ ѕирнаа и танга-гаќичките во изданието кое не простува ни грам вишок…

Георгина Родригез го изоде патот од чистачка и продавачка во луксузен бутик, која се бори за корка леб, до свршеница на Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, и влијателна инфлуенсерка која е редовна гостинка на најважните настани во светот на шоу-бизнисот и модата.

Неодамна, атрактивната црнка се прошета на црвениот тепих на филмскиот фестивал Red Sea во Саудиска Арабија.

Георгина Родригез пристигна на престижниот фестивал во Џеда во многу интригантно издание, особено поради фактот што настанот се одржува во конзервативна муслиманска земја со строги правила за облекување на жените таму.

Убавата 30-годишна дама избра креација со потписот на луксузниот бренд Alaïa, а се работи за тесен фустан, кој не простува никакви недостатоци и го истакнува секој грам вишок на телото.

Овој долг, тесен фустан доаѓа во многу темна нијанса на смарагдно-зелена боја и е украсен со привлечни, блескави циркони по целата должина. Исто така, има набори во пределот на стомакот кои визуелно уште повеќе го истакнаа стомакот на Георгина, па јасно е дека овој крој воопшто не ѝ одговара.


Поврзани објави

Но оваа Аргентинка е позната по својот сексапил, па дури и покрај некои ситни мани навистина изгледа феноменално, но самиот фустан дефинитивно е премногу вулгарен. Имено, покрај тоа што е екстремно тесен, изработен е и од проѕирна ткаенина, па присутните можеа да ја видат нејзината долна облека – црниот градник и танга-гаќичките.

Георгина овој стајлинг го комплетира со едноставни сандали со ремчиња во боја на кожа, и дијамантски обетки и прстени.

Видео: Инстаграм @georginagio