Почетна ПопуларноГенерал на НАТО: Никогаш не треба да ги потценувате Русите

Генерал на НАТО: Никогаш не треба да ги потценувате Русите

од nenad
1 минути читај за
t

Шефот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, изјави дека руската специјална воена операција во Украина не довела до радикално намалување на воено-техничките можности на Руската Федерација, пренесува АП.

-„Никогаш не треба да ги потценуваме Русите и нивната способност да возвратат“, рече тој.Според него, меѓу другото, за време на специјалната воена операција „не бил намален потенцијалот на руската морнарица и воздухопловните сили“. Во тој поглед, алијансата ќе продолжи да ја „смета Руската Федерација за сериозна закана на море, во воздух и во вселената“, нагласи Бауер.

Вооружените сили на Руската Федерација сè уште имаат „многу, многу големи способности“, вклучително и во нуклеарната сфера, посочи тој.Претходно Бауер рече дека вооружените сили на Украина имале проблеми за време на контраофанзивата и предупреди дека таа ќе биде многу тешка и долга.

.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска