Со протестен марш, кој започна од пред зградата на Министерството за животна средина, попладнево „Зелен хуман град“ и неколку други граѓански инцијативи го изразуваат незадоволството од екстремното загадувањето на воздухот. Маршот ќе продолжи пред Собранието и ќе заврши пред зградата на Владата. Причините за одржување на протестот, како што велат од „Зелен хуман град“, се смртните случаи предизвикани од аерозагадувањето кои според организацијата изнесуваат 17,7 отсто од вкупната смртност во државата на годишно ниво. Секоја година во Македонија се бележат по речиси 4.000 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките пм2.5, кои се меѓу најштетните за здравјето, се вели во повикот за марш од „Зелен хуман град“. Атмосферата на почетокот на протестниот марш низ објективот на фоторепортерот на „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ:




