Претседателот на Србија ќе ѝ достави на Владата предлог во вид на законска иницијатива со цел да се измени начинот на доделување на финансиски средства на универзитетите. Целта е да се овозможи зголемен број студенти да посетуваат приватни факултети, кои би биле поддржани од државниот буџет, пренесе известувачот на МИА од Белград.
„Сакам да го зајакнам приватниот сектор во Србија, сакам повеќе студенти да имаат право на буџетско финансирање на приватните факултети отколку што е случај денес“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, најавувајќи го новиот закон “со кој поинаку ќе се распределуваат парите на факултетите“.
Тој нагласи дека приватните универзитети се докажале како постојани и одговорни институции.
„Мислам дека треба да им помогнеме на приватните факултети и така ќе го разбиеме монополот што го имаат државните факултети“.