Поранешниот амбасадор на Сојузна Република Југославија во Соединетите Американски Држави (САД) Иван Вујачиќ денес изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ користел неформални канали наместо дипломатска служба за време на престојот во Мајами и дека поради тоа, неговата посета не ја постигнала планираната цел, објавија српските медиуми. Вујачиќ изјавил дека сите посети на претседатели на држави во странство се регулирани преку дипломатски протоколи.
„Секоја дипломатска мисија е должна да ги информира домаќините за посетата на претседателот на нивната земја, со цел да се обезбеди безбедност. Дел од тоа веројатно е направено, но Вучиќ се врати во Србија со изговор дека е болен, без најавената средба со претседателот Доналд Трамп и без да присуствува на настанот за собирање средства на Републиканската партија“, рече тој. Според него, ако претседателот или премиерот се во лоша здравствена состојба, тогаш треба да понесат лекар со себе кога патуваат во странство. „Доколку некој државник се разболи во странство, земјата домаќин ќе му обезбеди врвна нега или привремен болнички сместување. Заминувањето на Вучиќ во Америка не беше координирано со нашата амбасада, Републиканската партија или Стејт департментот и затоа заврши неуспешно“, објасни поранешниот дипломат.
Вујачиќ рече дека многу работи околу заминувањето на Вучиќ во Мајами се нејасни бидејќи посетата не била окарактеризирана ниту како официјална ниту како неофицијална. „Беше објавено дека Вучиќ ќе се сретне со Трамп во два наврати и немаше индикации со кого друг ќе се сретне. Тој се сретна со Род Благојевиќ и Рудолф Џулијани, кој има проблеми на суд. Во секој случај, она за што отиде во САД не беше направено“, оцени Вујачиќ.
- Средба Грковска-Агелер: Транспарентноста е клучот за кредибилни и ефикасни институции
- На иста страна сме! Не сме ваши непријатели! – МАКТЕЛ
- Главниот цевковод во Скопје ќе се запира на 21 декември: Ќе се санира дефктот во Карпош 4
- Grammarly ја открива својата AI пишувачка помошница наречена GrammarlyGo: Сето тоа што треба да знаете Grammarly, компанијата позната по својата пишувачка помошница која користи вештачка интелигенција, недавно ја објави својата најнова платформа за помош при пишување, наречена GrammarlyGo. Оваа нова функција користи слична технологија на вештачка интелигенција, што ја прави попренослива и дозволува на корисниците да ја користат платформата независно од тоа каде се наоѓаат. GrammarlyGo им овозможува на корисниците да добредојдат во својата платформа за пишување каде и да се наоѓаат, и понудува стилски, граматички и правописни предлози за текстовите кои ги пишуваат. Платформата користи и нова технологија на вештачка интелигенција што дава автоматски предлози за подобрување на содржината, објаснувајќи ја својата препорачана корекција. Корисниците можат да ја преземат GrammarlyGo апликацијата за Android и iOS на своите мобилни уреди, а платформата ќе работи во позадина на овие уреди. Ова значи дека корисниците ќе бидат информирани за грешките во писмото додека го пишуваат истото. GrammarlyGo е идеална за студенти, луѓе кои работат од дома, професионалци и сите кои работат на мобилен начин. Со GrammarlyGo, вашиот текст ќе биде почист, додека вие ќе уште ќе се движите.