Почетна ЕкономијаВтора фаза од трговските преговори меѓу САД и Кина

Втора фаза од трговските преговори меѓу САД и Кина

од nenad
1 минути читај за

Во Лондон денес започна нов круг на комерцијални разговори помеѓу САД и Кина. Овие разговори, кои се водат под строга дискреција, имаат цел да го продолжат кршливото трговско примирје.

Вашингтон и Пекинг утринава одбија да обелоденат каде се одржува втората рунда преговори.

Американската делегација ја сочинуваат секретарот за финансии и за трговија, Скот Бесент и Хауард Лутинк, како и претставникот на Белата куќа за трговија Џекмисон Грир.

Кинеската делегација, пак, ја предводи вицепремиерот Хе Лифенг.

Разговорите во Лондон се случуваат по неодамнешното заострување на односите, откако американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Пекинг дека не ги почитува условите од договорот за деескалација потпишан во Женева. Трамп изјави: “Пекинг не ги почитува условите од договорот”.

САД, минатиот месец во Женева, по два дена дискусии, се согласи да ги намали давачките за кинеските производи од 145 проценти на 30 во замена за слична мерка од страна на Пекинг, која ја намали давачката за американските производи од 125 проценти на 10 проценти, за период од 90 дена. Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека: “Ова е важен чекор кон стабилизирање на трговските односи”.