„Договоривме конкретни чекори и иницијативи кои ќе придонесат за подобрување на транспортните и енергетските врски, што ќе има позитивно влијание врз економскиот развој и напредокот на земјите во регионот.Исто така, посветивме внимание на образованието, културата и младите, со цел да го поттикнеме меѓусебното разбирање и да изградиме посилни врски помеѓу нашите народи. Веруваме дека инвестирањето во овие области е инвестирање во нашата заедничка иднина“, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека со Курти дискутирале и за важноста на евроатлантските интеграции, заедничката посветеност кон европските вредности и стандарди.„Убедени сме дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија и НАТО, и дека преку заеднички напори можеме да ги надминеме предизвиците и обезбедиме просперитет и стабилност за нашите граѓани“, вели Мицкоски.