Почетна СветВремето денеска претпладне сончево, попладне со пороен дожд

Времето денеска претпладне сончево, попладне со пороен дожд

од nenad
1 минути читај за

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

И во Скопје претпладне сончево време со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 26 степени.