Почетна ПопуларноВременска прогноза за цел април: Ни доаѓа пролетен снег

Временска прогноза за цел април: Ни доаѓа пролетен снег

од nenad
1 минути читај за

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремен дожд и услови за ретки грмежи.

Времето во понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд, попладне на повеќе места пообилни (над 30 л/м2), локално проследени со ретки грмежи. На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Во вторник времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

Во среда времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Според долгорочната прогноза на „Аccuweather“ во месец април не очекува вистинска пролет со сонце, дожд и облаци, но не и снег (освен првите денови од месецот), погледнете: