Почетна Убавина и здравјеВо 8-та деценија го смени личниот опис, дали се боцнал? – Убавина и здравје

Во 8-та деценија го смени личниот опис, дали се боцнал? – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Горан Бреговиќ годинава го прослави својот 74 роденден. Но, кој би му ја дал толку години?

Музичарот и во осмата деценија е во одлична форма, а освен тоа се грижи и за својот изглед, за да не дозволи годините да се покажат на неговото лице.

Имено, како што пренесуваат медиумите во Србија, фронтменот на „Бијело дугме“ неодамна одвоил значителна сума за да направи одредени естетски корекции.

Инаку, тоа што промени нешто на себе се виде и неодамна кога Бреговиќ по долго време слетал во Србија. Кога го виделе на белградскиот аеродром, многумина коментирале дека изгледа свежо.

Брега не жалеше пари за да се подмлади. Иако има 74 години, сега изгледа како да има 60. Направил лифтинг во приватна клиника. Колку што знам, за тоа задоволство платил 5.000 евра.

Бил кај врвен пластичен хирург, па сè изгледа сосема природно. Тоа веќе не е табу, тоа го прават обичните луѓе, а камоли музичари од светски ранг, како што е Брега – изјавил извор за српските медиуми.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/goran_bregovic_official/?hl=en