Почетна ЕкономијаВо Скопје се отвори првиот Клуб  во Македонија за лицата со афазија „Надеж“

Во Скопје се отвори првиот Клуб  во Македонија за лицата со афазија „Надеж“

од nenad
1 минути читај за

Здружението за помош и поддршка на лицата со афазија ХОУП  во партнерство со ЈЗУ Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација – Скопје, ја преточија идејата во реалност и го отворија Првиoт Клуб во Македонија на лица со афазија „Надеж“.

По повеќегодишна соработка со оваа здравствена институција, се реализираше заедничката иницијатива, што е непобитен доказ дека заедничката визија и доверба создаваат трајни вредности за целото општество.

Клубот ќе биде место каде што луѓето кои се соочуваат со тешкотии во говорот најчесто после мозочен удар ќе бидат разбрани, прифатени и поддржани.

Губењето на говорот не значи губење на мислите, чувствата, личноста и потребата да се биде дел од општеството.

Од Здружението за помош и подршка на лицата за афазија „ХОУП“истакнуваат дека нивната мисија станала реалност благодарение на заедништвото, хуманоста и поддршката од граѓанскиот и бизнис секторот:

  • Здружението КОНЕКТ ја поддржа првата фаза од проектот, обезбедувајќи финансиски средства преку својот Донаторски кружок.

  • „Елена Лука Хоум“ (ELENA LUKA HOME), како општествено одговорна компанија, целосно го реновираше просторот.

  •  Искажуваме благодарност и до другите општествено одговорни компании од земјата кои донираа финансиски средства и опрема и овозможија овој клуб да стане сигурно пристаниште каде тишината се претвора во разбирање, поддршка и нова надеж за лицата со афазија.

Нека овој Клуб биде место каде што ќе се раѓаат нови пријателства, ќе се враќа самодовербата и ќе се испраќа порака дека никој не треба да биде сам во својата борба.

ХОУП продолжува да создава надеж.

Заедно сме посилни!