Почетна ЕкономијаВо скопската населба Ново Лисиче оштетени најмалку 34 патнички возила

Во скопската населба Ново Лисиче оштетени најмалку 34 патнички возила

од nenad
1 минути читај за

На паркингот на булеварот „АСНОМ“ во скопската населба Ново Лисиче оштетени се најмалку 34 патнички возила, а вкупната материјална штета се проценува на околу 11.000 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи. Непознати сторители извршиле масовен вандализам врз паркираните возила – испукани гуми, искршени ретровизори и оштетени бандаши. Според сведоштвата, оштетени се 34 возила.

Според пријавата, инцидентот се случил во периодот од 23:00 часот на 27 декември до 09:00 часот на 28 декември 2025 година. На местото на настанот увид извршила екипа на СВР Скопје, известен е јавен обвинител, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

МВР веќе работи на случајот, а се проверуваат и снимките од околните камери за видео надзор во обид да се идентификуваат сторителите. Додека се сумира штетата, кај жителите остануваат стравот и прашањето кој и со каков мотив би се одлучил на ваков чин на уништување на приватен имот.