Поп-ѕвездата Ријана уште еднаш докажа зошто секое нејзино појавување е светска вест. Пејачката и модната икона беше една од главните атракции на традиционалниот фестивал Crop Over во нејзиниот роден Барбадос, каде што се приклучи на големата парада Grand Kadooment Day, финалниот и најспектакуларен дел од прославата.
Ријана се појави во впечатлив карневалски костим украсен со илјадници циркони, шарени детали и огромни пердуви во тиркизни, розови и портокалови нијанси. Екстравагантниот изглед беше дополнет со раскошна круна, а пејачката со насмевка танцуваше низ улиците и ги поздравуваше илјадниците присутни, уште еднаш покажувајќи дека е вистинска кралица на карневалот.
Нејзиниот костим е дело на барбадоската дизајнерка Лорен Остин, која со години ги создава препознатливите карневалски изданија на Ријана. И оваа година таа остана верна на традицијата, комбинирајќи смели кроеви, блескави кристали и впечатливи пердуви.
Фестивалот Crop Over е еден од најзначајните културни настани во Барбадос и ја слави жетвата на шеќерната трска. Прославата трае неколку недели, а кулминира со Grand Kadooment Day – парада исполнета со музика, танц и раскошни карневалски костими.
Појавувањето на Ријана веднаш стана хит на социјалните мрежи, а фотографиите и видеата од нејзиниот изглед за само неколку часа беа споделени милиони пати, потврдувајќи дека секогаш знае како да го привлече вниманието на јавноста.
Фото: Инстаграм Принтскрин