Почетна ЕкономијаВо Македонија престојувале вкупно 77.570 туристи, најмногу посетители имало од Турција

Во Македонија престојувале вкупно 77.570 туристи, најмногу посетители имало од Турција

од nenad
1 минути читај за

Во ноември 2025 година, во Македонија престојувале вкупно 77.570 туристи, кои оствариле 146.605 ноќевања, соопшти Државниот завод за статистика. Од нив, 25,7% биле домашни туристи, а 74,3% странски.

Меѓу странските туристи, најмногу посетители имало од Турција – 12.401, по што следуваат Германија со 11.812 туристи, Србија со 3.793 и Грција со 3.506.

Од вкупниот број ноќевања, 33,9% се од домашни туристи, а 66,1% од странски.

Во периодот јануари–ноември 2025 година, во споредба со истиот период од 2024 година, бројот на туристите се зголемил за 6%, при што домашните туристи забележале намалување од 2,5%, додека странските имале пораст од 10,3%. Бројот на ноќевања се зголемил за 0,8%, со намалување од 4,3% кај домашните и зголемување од 6,9% кај странските туристи.