83
Филмско грабнување на затвореник се случило вечерва во близина на затворот Идризово.
Нападната била затворската полиција, а неофицијално еден затворски службеник е повреден и пренесен во болница.
Според нашите информации сиво ауди ја пресретнало затворската полциција и го грабнало затвореникот. По возилото се трага, а на терен се бројни полициски екипи и увидна екипа.
Еднниот правец, едната коловозна лента од автопатот Александар Македонски е затворена, а после патарината возилата се пренасочуваат по стариот пат за Скопје
За повеќе информации следете го вклучувањето во живо на следниот ЛИНК
Следете не, ние остануваме на терен.