31
Регулаторната комисија за енергетика денеска околу пладне треба да ја соопшти одлуката за цените по кои ќе се продаваат нафтените деривати од нокеска на полноќ.На светските берзи цената за една недела се зголеми за околу 4% што навестува можност да скокне и малопродажната цена. Доколку тоа се случи, по подолг период ќе имаме цена на бензинот која ќе надминува 80 денари за литар. Последен пат тоа се случи на средината од окотомври.Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит.Малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71 денар за литар.
Може да ве интересира и...
- ВИДЕО: Курти објави видео за експлозијата на каналот Ибар-Лепенец, за Петковиќ тоа е „цртан филм“
- Војската ќе биде поддршка на полицијата во обезбедување на затворот Идризово, велат од кабинетот на Пендаровски
- Од нуклеарната електрана „Шика“ протекла нафта по силниот земјотрес во Јапонија
- МНР ќе реагира до Европскиот парламент за навредите на Јорданов кон македонскиот народ