Два авиони на колумбиските воздухопловни сили Т-27 Тукано се судрија во неделата за време на тренинг лет во близина на воздухопловната база Апиаи, соопшти војската.
Според соопштението објавено од воздухопловните сили, загинал еден пилот, потполковник.
„На местото на инцидентот е испратена увидна комисија за утврдување на причините“ за судирот, се вели во соопштението.
На социјалните мрежи се појави видео кое наводно го уловило моментот на инцидентот. Се гледаат неколку авиони како летаат блиску еден до друг, а во еден момент крилото на еден од авионите е зафатено во пламен.
Пилотите, наводно, вежбале за аеромитинг на 20 јули во градот Рионегро. Т-27 е верзија на лесниот напаѓачки авион 312 Tucano.
Se accidentaron dos aviones de entrenamiento T-27 Tucano de la Fuerza Aérea a las 5:30pm en Apiay. El Teniente Coronel Mario Andrés Espinoza falleció. Todo nuestro apoyo a la familia. pic.twitter.com/CKhejJSOoE
— Steph Bates Prensa (@StephBatesPress) July 2, 2023