Почетна МакедонијаБериша – Мета: Рама ќе го собориме со протести

Бериша – Мета: Рама ќе го собориме со протести

од nenad
1 минути читај за




Албанската опозиција по локалните избори на кои претрпе голем пораз од владеачката Социјалистичка партија оценува дека актуелниот премиер и лидер на социјалистите, Еди Рама, се соборува само со масовни протести.По средбата што ја имаа лидерот на Демократската партија и лидерот на партијата Лирија (Слобода) Сали Бериша и Илир Мета, инаку поранешни премиери и претседатели на Албанија изјавија дека ,,по локалните избори во Албанија кои се манипулирани, актуалната власт предводена од Еди Рама, треба да се собори само со протести,,.

   

Бериша изјави дека и на последните локални избори премиерот Еди Рама победи со манипулации заради што неоходно е тој да се собори со протести. Слична беше и изјавата на лидерот на партијата Лирија (Слобода) Илир Мета кој додаде дека на есен протестите треба да го симнат Рама од тронот.
И двајцат најавија масовни протести на есен во Албанија.Премиерот Еди Рама овие изјави ги оцени како немоќ на опозицијата да биде прифатена од народот, кој е задоволен од развојот на Албанија.