На денешната свечена седница по повод 33-годишнината од формирањето на партијата со која во минатото раководеше српскиот диктатор и воен злосторник, актуелниот претседател на СПС и шеф на српската дипломатија Ивица Дачиќ соопшти дека ќе му предложи на Главниот одбор на СПС во своите редови да го кооптира Марко (помладиот) Милошевиќ, внук на Слободан Милошевиќ и на Мирјана Марковиќ од нивниот истоимен син.
„Тој самиот изрази желба да се приклучи кон нашето движење, политички да се активира и да се занимава со решавање на општествените проблеми. Тој е нашиот нов соборец“истакна Дачиќ.
Милошевиќ Јуниор се заблагодари на можноста да членува во партијата и изјави дека му е драго што е во друштво на драги пријатели и сопартијци.
„За мене оваа идеја е вечна и драго ми е што има ваков континуитет. Таа и натаму и допрва ќе биде актуелна. Јас се надевам во тоа и ќе се потрудам да биде уште подобро. Ќе дадам сѐ од себе да го дадам својот придонес за оваа партија и за ова општество.
Јас се занимавам со право, со меѓународно јавно право. Имајќи ги предвид проблемите со кои се соочуваме на тој план, како општество и како држава, јас се надевам дека ќе сториме сѐ за да најдеме добри решенија“, изјави Милошевиќ.
.