Почетна ЕкономијаВлада: Завршена изградбата на крак 1 од секундарната фекална канализација во општина Арачиново – едно од клучните комунални прашања за жителите

Влада: Завршена изградбата на крак 1 од секундарната фекална канализација во општина Арачиново – едно од клучните комунални прашања за жителите

од nenad
1 минути читај за

Завршена е изградбата на крак 1 од секундарната фекална канализација во општина Арачиново, со што се решава едно од клучните комунални прашања за жителите и се подобрува инфраструктурата вo општината, информира Владата.

-Со реализацијата на проектот се обезбедува правилно и ефикасно одведување на отпадните води што директно придонесува за подобрување на хигиенско-санитарните услови, заштита на животната средина и поквалитетен живот за граѓаните, објави Владата на Фејсбук.

Инвестицијата од 7.032.033 денари, обезбедена преку Министерството за животна средина, се додава во објавата, претставува значаен чекор кон унапредување на комуналната инфраструктура и одржлив развој на општината.

-Проектот има долгорочно значење за здравјето, безбедноста и подобрувањето на условите за живеење на локалното население, нагласуваат од Владата.

Фото: Влада, Извор: МИА