Владата на Република Северна Македонија донесе одлука со која годинава околу 10.000 странски државјани ќе можат да добијат работни дозволи за работа во земјата. Оваа мерка има за цел да го поддржи приватниот сектор, особено во индустрии каде што има недостиг на квалификувана работна сила.
Според надлежните, дозволите ќе се доделуваат приоритетно во сектори како што се градежништво, земјоделство, здравство и ИТ индустрија. Владата нагласува дека процесот ќе се спроведува во согласност со законската регулатива и со целосна заштита на правата на работниците.
Годинава, бројот на работни дозволи е за три и пол пати повисок во споредба со тој пред 5 години кога дозволи добиле 1704 лица. Најголем интерес за работа во земјава имаат граѓаните на Бангладеш, Непал, Индија, Турција, Кина и други.
Оваа одлука следува по растечката побарувачка за работна сила во одредени области, како и по позитивните искуства од претходните години со легално вработување на странски државјани.