Доколку сакате да ги искористите смоквите и да направите џем, ви го предлагаме овој стар грчки рецепт
Смоквите се многу хранливи овошки кои се познати по своите здравствени придобивки. За да ги сочувате за зима, пригответе џем кој ќе го користите за појадок за време на ладните зимски утра.
Еве како Грците приготвуваат џем од смокви…
Состојки:
- 1 кг зрели смокви (излупени)
- 400 г кристален шеќер
- 1 лажиче кора од лимон
- сок од 1 лимон
- сок од 1/3 лимон (се додава на крајот)
Приготвување:
1. Измијте ги и излупете ги смоквите.
2. Пресечете ја секоја смоква за да проверите дали се оштетени и дали се свежи однатре, а потоа исечкајте ги на помали парчиња.
3. Измерете ги приготвените смокви за да бидете сигурни дека имате точно 1 кг.
Поврзани објави
4. Ставете ги смоквите во големо тенџере и додајте шеќер, кора од лимон и сок од еден лимон. Добро промешајте.
5. Оставете ја смесата да отстои 2-3 часа на собна температура, за да можат смоквите да ги пуштат своите природни сокови.
6. Ставете го тенџерето на рингла и варете на ниска температура. Кога ќе зоврие, загревајте околу 25 минути со често мешање, за да не се залепи џемот на дното.
7. Додека џемот се готви, вадете ја пената што избива на површината.
8. Не го покривајте тенџерето со капак, бидејќи тоа може да ја потемни бојата на џемот.
9. Продолжете со готвење додека џемот ја достигне посакуваната густина.
10. Во последната минута од готвењето, додајте го сокот од другиот лимон и добро промешајте.
11. Врелиот џем веднаш сипете го во стерилизирани тегли, добро затворете ги и превртете ги теглите наопаку околу 30 минути за да се затворат правилно.
12. Неотворените тегли чувајте ги на ладно и темно место. По отворањето, чувајте ги во фрижидер.
ФОТО: ИНСТАГРАМ, Unsplash