Уживајте во убавините кои ви ги нуди Берово, релаксирајте се гледајќи го Беровското езеро, сместени во оваа прекрасна вила.
Вилата има одлична местоположба и се наоѓа на 300 метри над Беровското езеро. Располага со скара, фурна и сауна. Се наоѓа во мирна и тивка област со поглед кон Беровското Езеро и кон боровата шума. Има голем двор каде се наоѓа базен, детско катче, летниковец. Располага со 3 апартмани:
- Апартман 1: 2 спални соби, WC, oпремена кујна, купатило, голем салон со седмосед на пуштање, во спалните се брачни кревети. Греењето е на камин со дрва.
- Апартман 2: брачен кревет, помошен единечен кревет, кујна, купатило. Греењето е на камин со дрва.
- Апартман 3: брачен кревет, дневна со петосед на пуштање, купатило и кујна. Греењето е на камин со дрва.
Кујните се опремени со електрична рингла, фрижидер, и прибор за јадење, вилата има Wi-Fi, ТВ, приватен паркинг и паркинг за велосипеди а максималниот капацитет е 10-12 луѓе.
Поврзани објави
Клучот се подига од сопственикот, а доколку гостите останат повеќе од 5 дена се менува постелнина и пешкирите. Исто така вилата дозволува влез за миленици.
Вклучено во цена:
- Цена за наем на апартман
- Цената е фиксна, летен период се издава на минумум 2 ноќи
- Греење/Ладење
- Wi-Fi/ТВ
- Паркинг
- Базен
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до вилата
- Храна
- Сауна (со доплата)