Пејачката направи гест за почит – својот нов стан им го отстапи на младите таленти од „Ѕвездите на Гранд“.
Вики Миљковиќ неодамна купи луксузен стан во Белград, кој ќе го користат нејзините кандидати од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Оваа позната пејачка и менторка на млади таленти вложила над 200.000 евра во стан во елитната населба Белград на вода.
Станот е двособен, со околу 70 квадратни метри, и може да смести најмалку пет кандидати истовремено. Локацијата е внимателно избрана – близу до местото каде што и самата Вики живее со своето семејство, со цел подготовките со натпреварувачите да бидат полесни и поефикасни.
Поврзани објави
Првично, недвижнината била наменета за нејзиниот син Андреј, но бидејќи тој сè уште не е подготвен за самостоен живот, Вики решила да направи хуман гест – наместо да го изнајмува станот, им го ставила на располагање на своите кандидати, за да им ги намали трошоците за време на натпреварувањето.
Како што открива извор близок до пејачката, таа остварила поволна зделка со инвеститорот, со кого веќе соработувала претходно. Станот има дневна соба, кујна, купатило, две спални и тераса со прекрасен поглед, нудејќи им на кандидатите комфор и мотивација додека се во Белград.
printskrin Youtube-blic viki miljkovic