72
Со стартот на новата учебна година учениците од прво до петто одделение во основните училишта во Кавадарци ќе добиваат и оброк. Градоначалникот Митко Јанчев вели дека парите во буџетот за оваа намена се обезбедени. Истакна дека по 2500 денари ќе добијат и семејствата кои од први септември имаат запишано ученик во прво одделение, а општината со средства од буџетот ги стимулира и успешните ученици кои покажале резултати на натпреварувања.