Новак Ѓоковиќ игра против Гркот Стефанос Циципас во финалниот натпревар на Австралија Опен. Првиот сет го дби Ѓоковиќ со 6:3. Новак го добива и вториот сет во тај-брејк (7:4).
Од почетокот на вториот сет беше забележливо дека Циципас ќе искористи се што знае и умее за да го промени текот на ова финале. Ја стегна играта од основната линија, сакаше да се наметне во размената, но форхендот на Новак беше стабилен и токму со тој удар ја одбрани првата сет топка за водство на Циципас од 5:4. Немаше брејк, но затоа следеа мини-брејкови во решавачкиот 13-ти гем, седум од првите девет поени ги освоија играчите кои го вратија сервисот, Новак повторно беше недопирлив кога се беше решено и го доби сетот со 7:4 во тај-брејк кој траеше час и 10 минути.