Чилеанската влада прогласи вонредна состојба во вторникот и воведе полициски час во поголемиот дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Сантијаго, по големиот прекин на електричната енергија поради можен дефект во системот за дистрибуција на електрична енергија, соопшти Министерството за внатрешни работи. „Полицискиот час ќе биде во сила од 22:00 до 6:00 часот (по локално време), резимираше министерката за внатрешни работи Каролина Тоа за време на прес-конференција.
#LoÚltimo Medios internacionales reportan un apagón masivo en #Chile, situación que ha dejado a más de 20 millones de personas sin electricidad. Video: Cortesía pic.twitter.com/F5cmzAHxii
— Diario El Salvador (@elsalvador) February 25, 2025
Ескондида, најголемиот рудник за бакар во светот, остана без струја, изјави извор за Ројтерс. Компанијата Антофагаста соопшти дека нејзините рудници работат со резервни генератори. Според чилеанската агенција за управување со катастрофи (СЕНАПРЕД) има прекини на струја од северните региони на Арика и Паринакота до Лос Лагос, на југ. Сепак, не се пријавени итни случаи. Семафорите во главниот град не работеа, изјавија очевидци за Ројтерс. Погодено е и метрото во Сантијаго, кое секојдневно превезува милиони патници. Компаниите за дистрибуција на електрична енергија се обидуваат да го лоцираат дефектот и да го поправат, додаде СЕНАПРЕД.